Македонија
Беса: Здравството во Македонија со хронична болест
Беса ги повикува Владата и здравствените институции да ги преземат потребни мерки за рехабилитација на здравствениот систем, со цел граѓаните да го реализираат своето право на квалитетна, ефективна и безбедна здравствена услуга. Без да се санираат овие рани на системот не може да очекуваме подобро здравје на граѓаните, изјави на прес-конференција пратеникот Реџеп Мемеди.
По повод Светскиот ден на здравјето, денот кога пред 70 години е основана СЗО и е донесен нејзиниот устав, Мемеди потсети дека целта е да на секој човек и на секоја заедница да се обезбеди пристап до здравствена услуга, која-меѓу другото – треба да биде квалитетна, ефективна, безбедна и финансиски поднослива за сите. „По овој повод ние-како политички субјект, но и јас како лекар сум тука да го поставиме прашањето каде е здравствениот систем во земјава во однос на овие принципи и стандарди на кои се повикува светското здравство? За жал, податоците се вознемирувачки : потешкотиите со кои се соочуваат граѓаните секој ден при користење на здравствени услуги и статистичките податоците за високата стапка на смртност на новороденчиња се показатели за алармантната состојба што владее во нашето здравство“, вели тој.
За Беса е вознемирувачки фактот дека стапката на смртност на новороденчиња, како показател за нивото на развој на здраватвото во една држава, двостручно го надминува просекот во Европа. Потоа недостатокот на лекови секој месец за хронично болните, присуството на фалсификувани лекови, според некои истражувања и до 40% од увезените лекови, но и лошите инфраструктурни услови во нашите болници како и долгите чекања на пациентите, некогаш и со месеци, за да дојдат до здравствена услуга, се доказ дека, со мали исклучоци, здравството во Македонија продолжува да биде неквалитетно и неефективно, дури слободно може да констатираме дека влегува во една критична фаза на хроницитет.
„д друга страна, поради непогодните услови за работа, загрижува и заминувањето на лекарите од земјата секоја година со растечки тренд, факт што дополнително го ослабува јавниот здравствен систем и го прави уште понесигурно здравјето на граѓаните. Поаѓајќи од ова, Движењето Беса смета дека- и покрај фалењето и убавиот и скап ПР што го прават властите- здравјето на луѓето треба да биде сериозно главен приоритет на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.
Македонија
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.
„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.
Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

