Македонија
Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Бисера Антоанета прво негираше, а потоа призна дека купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки и куфер. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, која ни помалку ни повеќе потрошила околу 52 илјади денари, сума со која живее четиричлено семејство цел месец. Како и да е вакви појави не може да останат неказнети. Трошење на народни пари за лични потреби не е дозволено и тоа треба секому да е му е јасно. Едно е јасно овој случај со Бисера Антоанета е само почеток. Денес продолжуваме да го откриваме расипничкото однесување на претходната власт“, велат од партијата и додаваат:
„Граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари и тоа никако не смее да се лични потреби на министри, функционери, затоа секој кој не го почитувал правото ќе одговара“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

