Македонија
Битиќи: Едно општество не е закана за идентитетот, туку шанса за промоција на исклучителната единственост на секој поединец
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес се обрати на отворањето на 11-тата научна меѓународна конференција на тема „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој и туризмот, поврзани со новите кризи“, што се одржува во Охрид.
„Подготвувајќи се за оваа конференција, мислев што да кажам јас денеска додека стојам тука пред вас. Фатмир, кој е Албанец во Македонија, студирал во Албанија, се вратил во својата татковина, со години работел во граѓанскиот сектор на важни општествени теми, како помирување, кохезија, развој. Фатмир, кој сите овие важни општествени процеси ги препознал во политичка партија што не е од неговата националност, туку е доминантно македонска партија и кому оваа партија му ја дала довербата да може да служи. А кому, за која кауза? Зарем тоа не е постојано прашањето? Одговорот за мене е лесен. Да им служам на луѓето, на моите сограѓани, на сите еднакво. Зарем немаме сите исти потреби, желби и соништа, стравови, среќа и тага? Зар е важно во кој храм ја кажуваш потребата на твојата душа кога е искрена? Во текот на сите мои години живот, борејќи се со сите предрасуди и поделби, со некои од нив и сè уште, научив дека против нив не можеш. Затоа што против, еден спроти друг, значи конфликт“, изјави Битиќи.
Тој додаде дека денешните модерни општества се соочуваат со многу комплексни предизвици, кои бараат брза приспособливост, но и повеќесекторско или интердисциплинарно дејствување. Одржливиот економскиот развој, заштитата на животната средина, грижата за човековите права и многу други сегменти не може успешно да се адресираат само од една страна и еден актер, било да е тоа Владата, граѓанскиот сектор или бизнисите, туку бара здружено заедничко дејствување и партнерски однос.
„Кон крајот на минатиот век светот почна да зборува за нов феномен, оној на глобализацијата. Глобализацијата е третирана од разни перспективи и секој што зборува на оваа тема ја дефинира според сопствената перспектива и на тој начин дава идеи за можните предизвици што ја придружуваат во културата, економијата и идентитетот. Но, она што јас го гледам во глобализацијата не е закана од искоренување на јасното ЈАС, туку шанса за соработка меѓу народите, запознавање, толеранција и промоција на исклучителната единственост на секој поединец, шанса да се запознаеме, а со тоа и да се почитуваме. Затоа мораме да продолжиме да работиме за нашето едно општество, во чија основа е токму тоа – искрена намера да го запознаеме и цениме другиот и да создадеме безбеден простор да е свој и да добие шанса каква што посакуваме и за себе. Само така вистински ќе го кокреираме нашето – едно општество за сите. Да живееме, работиме, развиваме – блиску, едни покрај други“, изјави Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

