Македонија
(Видео) Битиќи за „Иловица“: Ќе помогнеме граѓаните на референдум да кажат дали сакаат рудник
Владата е подготвена да помогне жителите околу рудникот „Иловица“ на реферндум да се изјснат дали сакаат рудник. Вака денес на новинарско прашање одгвори вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, по посетата на компанијата „Сеавус“. Тој уште еднаш повтори дека ставот на Владата е да нема рудник ако граѓаните така се изјаснат и најави дека на утрешната владина седница ќе се одлучи за понатамошните чекори.
„Утре имаме седница на Владата, на која министерот Бектеши треба да реферира за сите судски и други правни постапки што се преземени за ‘Иловица’ од 2012 до денес. Откога ќе ги слушнеме сите моменти, ќе се знае кој е следниот чекор. Ние како Влада кажавме и ставот е јасен, ако граѓаните кажат дека не сакаат да има рудник, соодевтно ќе постапиме кон тоа. Мислам дека таму еднаш имало изјаснување на граѓаните, само во Босилово, ние сме спремни дури да помогнеме сите граѓани од целиот тој регион да се изјаснат. На рефрендум да кажат дали сакаат да има или не сакаат да има рудник во тој регион“, вели вицепремиерот Битиќи.
Тој немаше објаснување дали државата ќе треба да плаќа пенали доколку се постапи како што сакаат граѓаните, кои на неколку протести досега гласно кажаа дека не сакаат рудник.
Минатата недела додека премиерот даваше изјави дека ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има, Министерството за економија на двочасовен брифинг пред новинарите објасни дека единствениот дополнителен документ, кој министерот Крешник Бектеши утре ќе го достави до Владата, е хронолошки приказ на сите ослуки и постапки во врска со „Иловица“, не од 2012 како што беше побарано од Владата, туку од 2006 година кога била потпишана првата од двете концесии, кои сега се споени. Министерството за економија објасни дека спојувањето на концесиите е само административна постапка, која нема да влијае на понатамошните барања што ќе ги имаат концесионерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.