Македонија
Битиќи: Конкурентноста и иновациите играат клучна улога за просперитетот на државата
Неодамна објавените демографски проекции за движењето на населението во наредните 50 години од страна на Државниот завод за статистика укажуваат на тренд на намалување на населението и негово интензивно стареење, состојба на која доколку веднаш не пристапиме институционално и стратешки да ја менуваме, тешко ќе можеме да очекуваме нејзино позитивно корегирање. Конкурентноста и иновациите играат клучна улога во давањето на позитивен одговор на овие демографски процеси, порача заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање на состанокот на Секторската работна група за иновативност и конкурентност.
Вицепремиерот Битиќи нагласи дека со поттикнување на динамично и иновативно деловно опкружување, може да се ублажи влијанието на демографските промени врз економскиот развој, притоа за остварување на оваа цел, потребен е стратешки пристап.
Затоа, тој посечи, дека Владата ги има изработено трите стратегии, Националната развојна стратегија 2024-2044, Стратегијата за Паметна специјализација и Стратегијата за унапредување на извозот на Република Северна Македонија за 2024-2027.
„Овие документи веднаш треба да ги прифатиме и институционално да ги интегрираме во националните политики, затоа што тие претставуваат клуч за севкупниот, вклучително и економски, просперитет на државата. Секоја државна институција, како и граѓанскиот сектор, треба да ги прифати како основен ориентир или рамка на сите свои политики кои ги креира и спроведува согласно надлежностите“, рече вицепремиерот Битиќи.
Според вицепремиерот Битиќи, дел од одговорот на овие предизвици и поставувањето на одржливи основи на развојот на општеството, се содржани во Националната развојна стратегија, сеопфатна дваесетгодишна рамка поделена на шест стратешки области.
„Од поттикнување одржлива, иновативна и конкурентна економија до обезбедување кохезивен локален и регионален развој, демографска ревитализација и социјално-културен напредок, нашата заедничка мисија е да изградиме флексибилно општество засновано на принципите на владеење на правото и добро владеење. Дополнително, стратешки ја опфаќаме и посветеноста за зелени трансформации, трасирајќи ја патеката кон чиста, здрава и енергетски одржлива иднина“, рече вицепремиерот Битиќи во обраќањето пред членовите на Секторската работна група за иновативност и конкурентност.
Вицепремиерто Битиќи се осврна и на Предлог-Стратегијата за унапредување на извозот на Република Северна Македонија за 2024-2027 година, придружена со сеопфатен акциски план за 2024-2025 година, која препознавајќи го императивот за интернационализација и раст предводен од извозот за нашата економија, предвидува интензивирање на процесот на интернационализација со цел диверзификација и зајакнување на извозот.
„Со приоритет на диверзификацијата на извозните дестинации и подобрување на интеграцијата на домашните претпријатија во глобалните синџири на снабдување, односно создавајќи можност за заживување на концептот на “nearshoring”, ние имаме за цел да ги надминеме предизвиците и да ја подигнеме конкурентноста на нашиот приватен сектор. Оваа стратегија не е само план, тоа е визионерски патоказ кон поглобално интегрирана македонска економија“, истакна вицепремиерот Битиќи.
Зборувајќи за Стратегијата за Паметната специјализација, тој нагласи дека со неа Владата направи уште еден значаен исчекор во делот на создавањето на можности за развој на иновативноста и конкурентните предности на економијата.
„Кога говорам за нашите конкурентни предности мислам на зајакнување на конкурентноста на економијата преку мапирање на индустриите и поддршка на економија базирана на знаење и иновации. Токму затоа, оваа стратегија ја претставува нашата визија за поттикнување зелен и одржлив раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари. Преку инклузивен процес создадена, стратегијата посочува дека сектори со најголем потенцијал се паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, електро -машинската индустрија, кон што сметам дека треба да го насочиме нашето образование за да ги задоволи потребите на пазарот на труд, ИКТ, како посебна индустрија, и паметни згради и одржливи материјали, вклучувајќи го и концептот на циркуларна економија“, рече вицепремиерот за економски прашања Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

