Македонија
Битиќи од Вашингтон: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој на Македонија
Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како сублимат на неговиот престој во САД, каде што се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД, како и со претставници на Светската банка и ММФ.
„Заеднички беше оценето дека европска интеграцијата не претставува само за усогласување со збир на политики, туку се работи и за прифаќање иднина што ќе донесе многу повеќе можности за просперитет и напредок за секој од нас во Северна Македонија. Во нашите европски аспирации, кои ги зајакнуваат идеалите на демократијата и просперитетот, имаме силна поддршка од Вашингтон, но одлуката дали ќе изградиме држава што ќе ги отелотворува европските вредности, ќе треба да се донесе од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи во својата изјава ги потенцира признанието и охрабрувањето на американските власти за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

