Македонија
Битиќи: Скопската Чаршија е нашата мултикултурна вредност, да ја чуваме за да и пркоси на времето
Чаршијата е нашa цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам и затоа сите ние треба да се грижиме и да ја негуваме за да и пркоси на времето“, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската Чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“.
Вицепремиерот Битиќи посетата ја искористи и за средба со новиот председател на Еснаф, Бујар Дулови, и членовите на новото раководство на кои и им посака успешен мандат и реализација на нивната визија за Чаршијата, и порача дека ќе ја имаат неговата безрезервна подршка за потребите на занаетчиите и на Чаршијата.
„Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам и затоа сите чинители треба да се грижат и да ја негуваат за да и пркоси на времето, и оттука моја обврска но и ваша, е интензивно да работиме за понатамошно развивање на Старата скопска чаршија“, рече вицеперемиерот Битиќи.
Председател на Еснаф, Бујар Дулови, се заблагодари за искажаниот интерес на вицепремиерот Битиќи да ги слушне нивните потреби и искажа вадеж дека во Владата ќе најдат еден партнер со кои заеднички ќе придонесат за понатамошна ревитализација на чаршијата како едно историска и мултикултурна вредност на Северна Македонија.
Вицепремиерот Битиќи при посетата на Чаршијата разговараше и со неколку занаетчии за начините како да се афирмира нивната дејност, но беше запознаен и со ревитализацијата на некои улици кои до скоро беа запуштени, во кои неодамна се отворени угостителски објекти кои помагаат за враќање на сјајот кој го имаше Чаршијата во минатото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

