Македонија
Битиќи – Смит: Обединетото Кралство и Северна Македонија имаат одлични економски односи и голем потенцијал за развој
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит.
На средбата од страна на соговорниците беа нагласени одличните економски врски што постојат помеѓу двете држави, што се препознава и преку неодамна пројавениот интерес на две компании од Обединетото Кралство да реализираат стратешки проекти во Северна Македонија. Вицепремиерот Битиќи ја информира заменик-амбасадорката Смит за законските постапки за реализацијата на стратешки инвестиции, притоа посочувајќи дека едната од овие две инвестиции е влезена во собраниска процедура, а другата е во процес на одлучување. На средбата се спомена и најголемата компанија во земјата по приходи, „Џонсон Мети“, чие позитивно искуство може да послужи и како пример за други компании од Обединетото Кралство да ја препознаат Северна Македонија како место за проширување на своите деловни активности.
Беше истакната и важноста од продолжување на унапредување на одличните политички односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи на заемни придобивки, кои произлегуваат од нив. Двете страни ја истакнаа и потребата од континуирана соработка и дијалог за да се одговори на заедничките геополитички предизвици и да се искористат можностите што се појавуваат. Во овој контекст стана збор и за претстојниот самит на ЕБРД, кој на почетокот на наредната недела ќе се одржи во Лондон, а каде што ќе учествува и вицепремиерот Битиќи.
Дополнително, стана збор за значењето на регионалната економска соработка во рамките на Западен Балкан, при што од соговорниците беше оценето дека тоа претставува израз на посветеност за поттикнување на поблиски врски помеѓу државите од регионот, промовирање стабилност и просперитет на патот кон членство во Европската Унија.
Вицепремиерот Битиќи и заменик-амбасадорката Смит изразија оптимизам за идната траекторија на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за понатамошно продлабочување на соработката во разни сфери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

