Македонија
Благајничка во Институтот за јавно здравје украла половина милион денари
Благајничка во Институтот за јавно здравје украла половина милион денари, пари што ги уплаќале пациентите во Институтот, соопшти Управата за финансиска полиција.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување, Управата за финансиска полиција до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето Л.Р. во својство на благајник во ЈЗУ Институт за јавно здравје која со цел да прибави противправна имотна корист за себе во текот на 2016 година во повеќе наврати присвоила доверени парични средства од извршена наплата од пациенти на благајната на Институтот при што затаила 547.329 денари со што го оштетила буџтот на ИЈЗ“, соопштија од финансиска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атак
На ден 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција на која без презентирани ставовите и аргументите на М-НАВ АД во врска со штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, истакнуваат во денешното соопштение од М-НАВ АД Скопје.
Истиот ден, по завршување на прес-конференцијата на М-НАВ АД, како што потсетуваат, прес-конференција одржа и г Александар Тасевски претседател на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски.
„На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека:
• Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ
• Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на праава од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување.
Во врска со изнесените наводи на г-динот Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека г-динот Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон“.
Тасевски, додаваат во соопштеното, јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авио сообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост.
Со ваквите признанија, како што оценуваат, уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за само промоција на
„Исто така наводите на Г-динот Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е“.
Македонија
Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво.
Договорено е во текот на викендот да се спроведе повторна дератизација, откако веќе имаше една пред изборниот процес. Веднаш потоа ќе следат дезинсекција и дезинфекција на сите училишни и предучилишните објекти.
„Ова што денеска го договоривме се реализира согласно усвоените кризни мерки на Општина Центар за справување со потенцијални епидемии, заразни болести и појава на глодари опасни по здравјето, а во рамки на актуелната состојба со сметот“ посочи Герасимовски.
Планот, освен дератизација, предвидува темелна дезинфекција и дезинсекција на сите простории каде се учи и престојува, вклучувајќи подови, ѕидови и мебел. Ќе се користат сертифицирани и безбедни препарати, согласно упатствата и стандардите за заштита на здравјето на децата и вработените.
Активностите за чистење на воспитно-образовните установи се преземаат во рамки на заштита на здравјето и безбедноста на децата и персоналот, особено во услови на еколошки и здравствени предизвици и појава на глодари, информираат од општината.
Герасимовски истакна дека општината ќе продолжи со редовно следење на состојбата и континуирана соработка со директорите, со цел да се обезбедат хигиенски услови во средини каде престојуваат вработените и децата.
Македонија
Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски
Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на докторот Кузмановски постапувајќи, како што информираат од таму, со најголема сериозност и одговорност.
„Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантираат заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање дополнителни мерки. Имено, беше одлучено дека д-р Кузмановски, за да може неговото барање да биде одобрено, мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детаљна проверка на стручните знаења и способности.
Имајќи предвид дека Законот за здравствената заштита прецизно ги утврдува условите за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците за работа, а во моментот не постои судска пресуда или друг правен акт што би условил одбивање на барањето за одземање на лиценцата, Комората ја користи законската можност да наметне засилен механизам на контрола и едукација“.
Паралелно со ова, како што велат, во Комората тече и сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор.
Комората, додаваат од таму, даде јавна и остра морална осуда за однесувањето на докторот, јасно ставајќи до знаење дека со своето однесување тој ги крши етичките принципи и ги нарушува интегритетот и угледот на лекарската професија.
„За да се донесе конечна, издржана и најправедна одлука, Комората ги очекува извештаите на комисиите формирани од Министерството за здравство и од Универзитетската клиника за неврологија, кои треба да дадат поширока претстава за професионалниот лик и за стручната способност на докторот во целина. Конечната одлука на Комората ќе биде донесена по темелна анализа на сите прибрани докази и извештаи“.

