Македонија
Благодатниот оган пристигна од Ерусалим во земјава
Црковна делегација на МПЦ-ОА на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија. Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од Брегалничката епархија.
Оганот во фенер од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, а потоа и во другите епархии и храмови низ државата. Ова е првпат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган со помош на Бугарската православна црква.
Илјадници христијански верници од повеќе држави присуствуваа на симнувањето на Благодатниот оган кај црквата Воскресение Христово, Светиот гроб во Ерусалим. Пред Велигден, Благодатниот оган се пали на гробот на Исус Христос за време на молитва што ја води патријархот ерусалимски и на цела Палестина, Теофил Трети. Патријархот потоа пренесе пламен до верници кои го користат за да запалат 33 свеќи, по една за секоја година од животот на Исус. Светиот оган го претставува пламенот кој чудесно се појавува на Светиот Гроб во Ерусалим на Велика сабота, пред православниот Велигден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Валандово
Во 10:40 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Демир Капија – Валандово, извести АМСМ.
Регионалниот пат беше во прекин поради заглавен камион.
Скопје
Подигнати 𝟦𝟧 кубни метри отпад од картонски пакувања во општините Кисела Вода, Центар и Чаир
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир, изветси Комунална хигиена-Скопје.
Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини.
Во општината Чаир се отстранети 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Цветан Димов, додека во општината Центар е интервенирано на неколку локации долж булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени вкупно 15 кубни метри картонски отпад одложен на тревни и сообраќајни површини, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Демир Капија – Валандово поради заглавен камион
Регионалниот пат Р1102 Демир Капија – Вландово е во прекин.
Oд АМСМ информираа дека прекинот е поради заглавен камион.