Македонија
Блинкен побегна, а јас сум тука, тие се кукавици, се плашат од разговори, вели Лавров
Говорот на колегите министри на самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, порача на денешната прес-конференција првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Лидерите на Западот, рече Лавров, ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ.
„Македонскиот претседавач Бујар Османи промовира многу добар слоган, ‘Се работи за народот’, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите верувам дека се работи за луѓето, но за сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите“, истакна Лавров.
Преку информациите што деновиве беа присутни во јавноста за средбата со Блинкен, Лавров со одговор:
„Блинкен го одбегна митингот, а јас сум тука, не го видов тука, но Захарова ми покажа две фотографии во македонските весници. Првата од синоќа кога сите дојдоа на вечера, тие се фотографираа со Блинкен и тоа го направија за да кажат дека сите дојдоа, освен Лавров.
Од вчера, од утринската сесија, на која бев и јас, на фотографијата немаше украински министер, немаше полски. Тие се кукавици, се плашат од разговори тука пред сите. Ова е кукавичлак, поминаа две години од оваа војна и видовме дека никој немаше аргументи за војната“, додаде Лавров.
Тој на прес-конфренецијата упати и критики како за Западот така и за новинарите.
Рече дека е разочаран оти новинарите го прашувале „кога ќе ја запрете војната“ бидејќи, според него, тоа не е војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.