Македонија
Богојески го замрзна членството во ВМРО-ДПМНЕ
Петар Богојески, како што информира преку својот фејсбук-профил, одлучил да го стави во мирување своето членство во партијата ВМРО-ДПМНЕ за да биде независен кандидат за пратеник.
Тој истакна дека никогаш нема да прифати членство во друга политичка партија, а неговото повторно активирање во ВМРО-ДПМНЕ е условено од развојот на настаните во партијата, нејзината демократизација, модернизација и европеизација, без разлика дали е на власт или во опозиција.
„Најголем срам за еден реформатор е да стане реставратор на она што се борел да го реформира! Јас не сум и не можам да бидам тоа! Јас не можам да поткрепам обнова на минатото, на она што целосно ја разобличи партијата! Јас останувам убеден дека ВМРО-ДПМНЕ треба длабоко, длабоко да се реформира, ако сака воопшто да продолжи да се нарекува ВМРО!
Изминативе 25 години (од мои 15 до 40 години) бев активен член на партијата. Имам и добри и лоши спомени… премногу емоции… победи и порази… стекнати и изгубени пријателства… но, се гордеам на мојата посветеност на партискиот активизам!
Причината да станам дел од ВМРО-ДПМНЕ беше мојата искрена љубов кон македонската кауза, убеден во идејата, со желба да го продолжам делото на Организацијата! Во далечната 1995 година јас потпишав пристапница во една понаква ВМРО-ДПМНЕ… поинаква изјава… поинаков Статут… поинакви цели и вредности… други искрени луѓе, вљубеници во Македонија! Денес, не остана речиси ништо од таа дамнешна ВМРО-ДПМНЕ, во која се заљубив на млади години. Не остана ништо од тој национален романтизам, тоа народно будење, таа борба за слобода и човечки правдини!“, напиша Богојески.
Богојески сега е промотор на платформата „Македонски концепт“, која неодамна најави подготвеност за учество на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

