Македонија
Богојески од Аеродром: 10. е глас за искористување на нашата последна шанса за достоинствен живот
Граѓаните од Аеродром гласно ги искажаа своите проблеми со кои се соочуваат со години. Големи се незадоволството и разочараноста од политиките на сегашниот владин состав. Сакаат промени, и тоа промени што ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски, истакна Петар Богојески, носител на листа во ИЕ 1.
„Денеска, заедно со мојот тим од Македонски концепт го посетивме Аеродром, каде што разговаравме со тамошните граѓани. Маката на граѓаните ја гледам во секоја нивна црта од изнемоштените лица. Нашиот народ веќе нема верба во државата. Доста ни е од импровизации со кои живееме веќе 30 години. Нашиот живот не е импровизација, да не дозволуваме други да ни го водат, затоа што граѓаните се тие што ги трпат последиците“, вели Петар Богојески од Македонски концепт.
Македонски концепт е тука да ги чуе проблемите на граѓаните и заедно со нивните сугестии да се реализираат политики, кои ќе значат живот за секој граѓанин одделно. Живот во фер општество и граѓанска држава, држава во која приоритетите на граѓаните ќе бидат пред личните приоритети на политичарите, држава без етнички партии, слободни граѓани, правда и сигурност за секого, ефикасно здравство, образование, држава на народот.
„Гласот за 10. е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници што ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарда евра за обесштетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10. е глас за искористување на нашата последна шанса за достоен живот“, порача Богојески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

