Македонија
Богојески: 10% ДДВ на храната во угостителството и воведување само на стандардни мерки од СЗО за Ковид-19 по 16 јули
Намалување на ДДВ од 18% на 15% линеарно за сите сектори во државата, како и дополнително намалување на ДДВ на максимални 10% за туризмот и угостителството, исклучително во делот на храната, прелага Македонски концепт како дополнителни мерки за справување со последиците од здравствената криза.
„Се приближуваме до крајот на изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2020 година, а со тоа доаѓа и моментот да се соочиме со реалноста и да се вратиме на секојдневниот живот почнувајќи од 16 јули. Тоа значи да се соочиме со големата здравствена криза во која се наоѓаме, а ја запоставивме во периодот на оваа изборна кампања. Големиот број заболени од Ковид-19 нужно најавува нови мерки за справување со вирусот, токму поради што и информациите до кои доаѓа Македонски концепт, но и очекувањата од јавноста се дека од страна на одредени политички партии, групи, односно оние кои во иднина ќе бидат дел од парламентот ќе дадат поддршка на враќање на долг карантин во градот Скопје”, изјави Богојески.
Македонски концепт предлага донесување мерки адекватни на безбедноста на граѓаните и потребни за македонската економија.
„Доколку добиеме факторизација на овие избори и доколку имаме свое политичко влијание во општеството, ние како Македонски концепт ќе се спротивставиме на воведување нестандардни мерки само за Република Македонија, а ќе ги поддржиме сите оние мерки кои се еквивалент на мерките кои ги препорачува СЗО и кои ги практикуваат западноевропските земји. Сè друго кое е измислица во мерки и кое директно ѝ штети на македонската економија нема да го поддржиме”, изјави Петар Богојески.
Најпогодени се услужните дејности и туристичкиот сектор, нешто кое и до сега претрпе огромни загуби. Она што Македонски концепт може да направи е заложбата за намалување на ДДВ од 18% на 15% линеарно за сите сектори во државата, како и дополнително намалување на ДДВ на максимални 10% за туризмот и угостителството, исклучително во делот на храната, бидејќи има голема дискрапанца помеѓу влезното ДДВ од 5% и она кое потоа го плаќаат од 18%. На тој начин ќе им помогнеме да ги санираат штетите од здравствената криза оваа година и да ги зачуваат илјадниците работни места на вработените во Скопје, но и во цела Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

