Македонија
Боки 13 бара да достави бомби, разговори и транскрипти до Абази
Снимки, фотографии, аудиозаписи, транскрипти. Ова се само некои од материјалите за кои Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека ги поседува и бара од шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал да биде повикан за да му ги предаде. Во новото писмо до јавноста Боки 13 посочува дека бара да биде спроведен пред Абази за кого наведува дека единствено му верува, со цел преку овие материјали да обелодени криминал.
Во писмото до јавноста испратено од неговиот правен тим се наведува: „Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување кривични пријави на записник, кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејства на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис-елитата и други лица што биле во заедничка корелација на сторување. Со наведеното ја информираме јавноста дека почнува исклучително сериозен и сензитивен процес дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите, а доказите што ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеозаписи ( т.н. бомби), како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски“.

Јовановски преку правниот тим до медиумите го испрати и писмото што го доставил до Абази. Во него стои дека ова ќе е продолжение на пријавите што претходно ги поднел до скопското Обвинителство.
„За досега поднесените и комплетирани кривични пријави нема донесено никаква јавно-обвинителска резолуција, па оттука, поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментна положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание. Целата моја доверба ја вложувам во вас, па затоа барам веднаш и без одложување да бидам изведен пред вас по ваша издадена наредба, особено важно што во овој период сум директна жртва на незаконито, фалсификувано и антидатирано судско решение донесено од Основниот кривичен суд Скопје за кое имам основано сомневање дека е донесено од криминогени побуди и намери на поединци. Воедно, молам за заштита од ваша страна во рамките на законот дотолку повеќе што сум се соочувал и се соочувам со реални закани за мојот живот и очекувам тоа да биде интензивирано по ова истакнато барање до вас за поднесување кривични пријави“, стои во писмото од Боки 13 до Абази.
Во соопштението се повикува јавноста да го следи процесот и се посочува: „По почнувањето на овој процес, ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.
Македонија
Левица обвинува за злоупотреби со земјоделски субвенции во Кавадарци
Поранешниот началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кавадарци, Митко Керов, член на СДСМ, со години злоупотребувал лични податоци на граѓани за незаконско осигурување на земјоделски поседи и прибирање државни субвенции, обвинија денеска од ПП Левица.
Според партијата, Керов во соработка со осигурителни компании осигурувал поседи во сопственост на граѓани, најчесто возрасни лица кои не користат електронски услуги на Министерството, без нивно знаење и без нивно присуство при склучување договори.
„Таргет на поранешниот началник биле возрасни граѓани кои вообичаено не пристапуваат на софтверите за услугите на Министерството, со што тие воопшто не би дознале дека нивните поседи се осигурани“, велат од Левица.
Од партијата наведуваат дека Керов ги осигурувал поседите, аплицирал за субвенции за покривање на осигурителните премии и од тие средства добивал лична корист, а за граѓаните станало јасно што се случува дури откако нивните поседи биле оштетени од мраз во изминатите неколку сезони.
„Земјоделците, при аплицирање за обештетување преку јавните повици во општините, биле одбиени со образложение дека нивните поседи се веќе осигурани, иако тие никогаш самите не аплицирале“, посочуваат од Левица.
Според наводите, во обид да ја прикрие ситуацијата, Керов преку физичко лице – неговиот татко И. Керов – уплаќал симболични суми на сметките на дел од оштетените земјоделци, со опис на дознаката „Штета за 2024 година“.
„Очигледна е ноторната злоупотреба на службената положба и овластување, како и злоупотреба на државни средства за субвенционирање“, нагласуваат од партијата.
Од Левица дополнително обвинуваат дека за случајот биле информирани структури од ДПМНЕ, но наместо да постапат, свесно молчеле и вршеле притисок скандалот да не излезе во јавност.
„Наместо институционална реакција, се прават обиди за релативизирање и заташкување на случајот, со цел да не се отвори поширока истрага која би ја разоткрила целата мрежа на корупција“, велат од Левица.
Партијата го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери сметките на членовите на семејството Керови, сопствениците на осигураните поседи, како и да ги испита наводите од граѓани од Кавадарци и Росоман.
„Доколку има потреба, истрагата треба да се прошири и во други локални самоуправи и да се преземат соодветни мерки“, порачуваат од Левица.

