Македонија
Боки 13 испрати документација: Кривичен направи монструозен и морбиден фалсификат
Бојан Јовановски-Боки 13, кој издржува затворска казна во Идризово, тврди дека доби фалсификувано судско решение од Кривичниот суд. Тој водел постапка за прекин на казна поради влошена здравствена состојба за што до јавноста достави и медицинска документација со конзилијарни мислења. Решението со кое му се одбива барањето за прекин е со датум 31 јануари 2023 година, но не е потпишано од сега покојниот судија Огнен Ставрев, туку од друг судија, иако во тој временски период Ставрев беше жив. Боки 13 додава дека дополнителен сомнеж оти судското решение е антидатирано и фалсификувано е и тоа што неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ доставувал нови докази за прекинот и на 3 февруари, кои Кривичниот суд ги примал, иако, според датумот на решението, постапката била завршена.
„Наместо законита одлука темелена на докази, добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев. Судското решение, кое е со датум од 31.1.2023, не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф, кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето поради кои причини судијата, кој бил на работа до 3.2.2023 година, пред да почине на 4.2.2023 година, не го потпишал решението што го донел и поради кои причини веднаш не го верифицирал во АКМИС-системот во согласност со законот и судскиот Деловник за работа“, пишува Боки 13 и се додава дека се работи за монструозен и морбиден фалсификат на деценијата.

Соопштението потпишано од Боки 13
Осудениот до јавноста ја достави и жалбата што ја има поднесено до Кривичниот суд.
„Жалбата ја истакнувам за да ви ги набележам сите работи што сметам дека еден ден ќе имаат голема улога во расчистувањето на политизираното, партиско и криминално судство, кое денеска одлучува за човечки животи и судбини, а не затоа што верувам во правилна пресуда“, се вели во жалбата на Боки 13 и се додава:
„Па, сега, ве прашувам: Дали вие, судии, нарачателот на фалсификуваното решение, претседателот Иван Џолев, или кој и да го пишувал и потпишал ова решение, сте при чиста свест или, пак, сте до толку неинформирани, незаинтересирани и неупатени за свесно медицинскиот задолжителен хигиено-диетски режим, кој значи медицински протокол, да го сведете и изедначите со прибор за хигиена? И на крајот, ве прашувам дали тоа значи дека затворот во согласност со вашето решение ќе ми даде да јадам сапуни, виледа, крпи и да пијам ‘доместос’ и на тој начин ќе ми биде овозможено спроведувањето на хигиено-диететскиот режим?“

Жалбата на решението во која се тврди дека Кривичниот суд направил фалсификат за да не му даде прекин на казната со приемен печат од таму
Во прилог на соопштението, Боки 13 преку правниот тим во имејлот достави и десетици страници медицинска документација потпишана од доктори специјалисти од градската болница „Наум Охридски“. Меѓу неа, има и неколку конзилијарни мислења, на кои се потпишани десетици доктори.
„Во смисла на сериозноста, карактерот и интензитетот на болеста, кај пациентот се препорачува и се дава задолжително упатство за понатамошно лекување и третман, што би значело лекување исклучиво во домашни услови, веднаш и неодложно по завршување на болничкото лекување бидејќи пациентот со ваква здравствена состојба и опишаните ризици од неа, медицински е недозволено да се лекува во пенални услови“, стои во едно од конзилијарните мислења.

Последната страница од едно од конзилијарните мислења дадени од доктори од градската болница во Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

