Македонија
Бонус од 5% со American Express на бензинските станици ОКТА
Со летната кампања „Твој Бонус” нова поволност за корисниците на American Express картички на Силк Роуд Банка АД Скопје, која нуди дополнителна можност за загарантиран поврат на средства, со секое купување на бензинските станици со брендот ОКТА.
Имено, со секоја направена трансакција со кредитните и дебитните картички American Express на бензинските станици ОКТА, корисниците добиваат поврат на средства од 5%. Оваа заедничка кампања ќе биде активна во текот на месеците јули, август и септември.
Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5% е до 6.000 денари по картичка. На месечните трансакции кои ќе го надминат овој износ, имателите на картички ќе добијат редовен месечен бонус од 2.5%.
Ова е можност само за клиентите на Силк Роуд Банка, која е единствена банка во државата и во регионот со 100% швајцарски капитал. Всушност, Силк Роуд Банка е единствена банка во Република Северна Македонија која ја има лиценцата за картичките American Express, за која потрошувачите може да избираат од понудата на две кредитни и една дебитна картичка. American Express картичките нудат висококвалитетна, персонализирана услуга насекаде низ светот, престиж и ексклузивни придобивки што одговараат на Вашиот стил на живот.
Дополнителни информации за картичката, може да добиете во сите експозитури на Силк Роуд Банка, на веб страната, профилите на социјални мрежи на банката или на телефонскиот број 02/3203-555.
Во претстојниот период безгрижно уживајте во вашите летни патувања во државата и странство, со картичките на American Express и висококвалитетните горива на ОКТА.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

