Македонија
Борисов: Не сакам ни да помислам дека ќе ја блокираме Македонија во НАТО
Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, вели дека е време да се заврши со конфликните теми поврзани со историјата. Борисов вели дека сите херои се бореле за една цел и се надева дека историчарите ќе вложат огромни напори за да се решат историските прашања. Тој вели дека не сака да помисли дека неговата држава ќе ги блокира интеграциите на Северна Македонија во НАТО.
„Дури не би сакал да мислам дека може да дојде до такво прашање, Бугарија да ја попречува Северна Македонија за членство во НАТО. Недозволено е јас да кренам рака против Северна Македонија. Ние да дозволиме да ја блокираме Македонија? Не сакам ни да помислам. Ако кажам – да, ќе гласам против, тогаш колегата ќе треба да каже – добро де, и ние ќе бидеме против. Тука нема ни едно ритче на кое нема погинато човек и сега да поставиме вакво прашање?“, рече Борисов одговарајќи на прашање.
Борисов е дециден дека до октомври ќе се реши чиј херој е Гоце Делчев, но потенцира дека и тој има граници и дека не сака да биде предавник на Бугарија.
„Сите херои што ние ги оспоруваме, се жртвувале за ние да стоиме тука заедно. Тие мечтаеле да се има автономија, да се има мир. Се надевам дека историчарите не само што нема да попречуваат туку и ќе вложат огромни напори за да го најдат правилното во историјата, што ќе нè обединува за заедно да можеме да се поклониме на гробовите. Овие луѓе го дале својот живот и имале цел. Што имаме ние пакосно направено? И од наш заеднички интерес е да бидете во НАТО. Денес, обновуваме споменик што е срушен, еден човек погинал за да ги сочува своите војници. Комисиите треба да седнат и да разберат дека имаат историска задача и до октомври да се завршат овие теми. Инаку, верувајте дека би било навредливо за јунаштвото. Јас исто така имам граница бидејќи би бил предавник на Бугарија“, додаде Борисов.
Бугарскиот премиер најави дека нема да коментира ништо повеќе во однос на тоа чиј е Гоце Делчев сè додека комисиите не постигнат договор.
„Гоце Делчев е Бугарин, кој се борел за слободата на Македонија. Тоа беше изјавата. За да не ми поставувате во иднина вакви прашања, обратете се до Ангел Димитров, член на комисијата, и ќе добиете одговор. Тој може да ви даде одговор. Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорорено, тогаш Бугарија ќе реши што ќе прави. Згрешив, тогаш згрешив“, објасни Борисов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Фото) Мицкоски објави дека е реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека е завршена реконструкцијата на дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“.
Како што извести премиерот, проектот опфаќа поставување нов асфалтен слој со дебелина од 8 сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата.
„Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура.
Инвестицијата во износ од 63.537.537 денари е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт. Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој“, пишува Мицкоски.
Македонија
Исчезна Виктор Илиоски од Прилеп, мајката очајна
Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп очајно бара помош за негово пронаоѓање.

Според објавата на социјалните мрежи, трагата му се губи од саботата попладне, околу 14 часот.
Облечен бил во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

