Македонија
Борјан Јовановски со џоинт ќе протестира пред Обвинителство
Новинарот Борјан Јовановски на „Фејсбук“ најави дека со џоинт ќе протестира пред Основното јавно обвинителство поради притворот на активистката Моника Ристеска. Тој ги повика да му се придружат сите поддржувачи на легализација на марихуаната за рекреативна употреба.
„Драги пријатели, сите што консумирате канабис, ве повикувам утре напладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето што уживаат канабис е недопустлив во ова време кога цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци – слобода за слободољубци. Правда за @monikakonopova“, порача Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија и Клиниката за детски болести.
Како што известија преку социјалните мрежи, на сите дечиња им посакаа среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост и што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.
Македонија
„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев? Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.
А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.
За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран.
„На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, објави вицепремиерот Николоски.

