Македонија
Бочварски: Експресниот пат од Градско до Прилеп за две години, а можеби и побргу
Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се гради интензивно, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета во општина Прилеп.
Тој со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски, и со пратеникот Миле Талески, изврши увид во градежните активности на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот Дреново – Фаришка Клисура.
Експресниот пат Градско – Прилеп се гради во 2 фази.
Првата фаза ја опфаќа делницата од Градско до Дреново, во должина од 15,5 км. Втората фаза е од Дреново до Фаришка Клисура, во должина од 10 километри, која ќе биде со ширина од 12,4 метри во првите 5 км и 17 метри во преостанатите 5 километри од делницата. Крајниот рок за завршување е јули 2023 година.
„Вредноста за изградба на втората фаза е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти, а сега новиот изведувач, компнијата ‘Синохидро’, има обврска да го доизгради преостанатиот дел. Крајниот рок е јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано пред рокот. Особено ми е драго што и на првата фаза изведувачот работи со максимално темпо“, изјави Бочварски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

