Македонија
Бошњаковски: Алатката за отчетност на министрите ќе биде ажурирана

Алатката за отчетност на трошоците на функционерите ќе продолжи со ажурирање, велат од Владата, по објавувањето на „Макфакс“ вчера дека оваа алатка работеше само три месеци, а веќе осум месеци нема објавени нови податоци за тоа колку потрошиле премиерот и министрите за хотелски сместувања, авионски билети, мобилни телефони, ресторански услуги, дневници за патувања.
Од Владата велат дека на седницата минатиот месец се задолжиле премиерот, министрите, замениците на министрите, министрите без ресор, државните секретари и генералниот секретар до 31 јануари да ги подготват финансиските и наративните извештаи за новиот шестмесечен период (1.6.2018 – 30.11.2018).
„Податоците за третото шестмесечје ќе бидат јавно објавени и достапни за граѓаните до крајот на февруари. Процедурата за објавување на трошоците се спроведува по истекот на секои следни шест месеци и подразбира прибирање информации, подготовка на табели во форма која е разбирлива за јавноста и нивна објава“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата, додавајќи дека алатката ќе продолжи да ги прикажува трошоците на носителите на јавни функции како придонес кон транспарентноста и отвореноста на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.