Контакт

Македонија

Бојан Јовановски: Камчев подмитува за да се спаси, но не ме подмитил мене

Објавено пред

Бојан Јовановски-Боки 13 остана на тврдењето дека не зел пари од Орце Камчев во износ од 1.5 милиони евра, кои сега бизнисменот бара да му се вратат. Тужениот Јовановски-Боки 13 имаше низа квалификации за бизнисменот, раскажуваше за неговото минато, а исказот кој Камчев го дал пред судиите го оцени како лажен и конструиран додавајќи: „ Ние сме правосилно осудени и издржуваме казна додека криминалците шетаат слободно на улица“.

dobivaj vesti na viber

„Точно е дека Камчев подмитува за да се спаси. Но не го подмитил Бојан Јовановски, за да изврши влијание врз тужената Катица Јанева. Јордан Камчев навистина имал контакт со највисоките функционери во државава, па во таа смисла, одговорно тврдам дека не сум му олеснил никаква позиција, ниту сум влијаел да му се олесни што било и еднаш засекогаш да се знае. Човекот кој му ветуваше на Камчев и влијаеше со уцени и закани да му биде вратен пасошот, поради нивни криминални интереси, со сторена шпионажа во државата, е Зоран Заев. Не беше пуштен само Камчев туку сите од ‘Империја’ поради тоа гласање (за промена на Уставот)“, рече Јовановски на судењето.

Зоран Милески-Кичеец, за Јовановски-Боки 13 е торбоносец, токму поради тоа што од домот на Камчев ја изнел торбата „Луј Витон“.

„ Не случајно е повлечена тужбата против торбоносецот Зоран Милески-Кичеец, па во таа смисла Камчев нека си ги бара парите онаму каде се договарал и нешто добил. И нека ги бара таму каде некој му дал гаранција, тоа е Русковска, поради нивниот блиски однос. Ова за што сум тужен, целосно го негирам, особено поради недореченостите во правосилната пресуда“, кажа Јовановси-Боки13.

Јовановски-Боки 13 тврди дека не броел пари во домот на Камчев, ниту бил присутен кога се броеле пари. Тој додаде: „Да имало такво нешто Камчев немало да одолее да ме сними“. Потоа, продолжи со сведоштво дека Камчев заедно со ексминистерот за здравство Венко Филипче и Милески-Кичеец преговарале за, како што вели, бизнисменот да ја земе со јавно-приватно партнерство болницата „8 Септември“.

„ Сакаа да ја земат ‘8 Септември’, тука беше Венко Филипче, Камчев, Кичеец па преговараа за јавно-приватно партнерство, па му оставија на господинот време да направи потребни студии, па Венко да направи некакви пропозиции за документација. Камчев му ветуваше милионски износи на Венко за ‘8 Септември’. Имаше две средби, на едната средба беше Зоран Заев на мобилен телефон. Одговорно тврдам дека се лажни исказите на тројцата актери во оваа приказна за тие 500 илјади евра затоа што има и три противречни искази. Во нивното вештачење стои дека не се знае ниту дали се дадени. Зоран Милески Кичеец кажа дека ми дал 250 со 250 илјади евра, Јордан Камчев кажа дека неговата сопруга ми дала 500 илјади евра. Кажуваат различни места и временски периоди. Сега да чуеме дека тие 350 илјади евра ми биле дадени во канцеларија во 1ТВ. Вака не се утврдува материјална вистина, бидејќи кога лажат треба да се договорат како ќе лажат, бидејќи вака забораваат што лажат“, посочи Јовановски-Боки 13.

Пред судот, раскажуваше и како според него течеле средбите со бизнисменот Камчев.

„ Јас во 2016 година стапив во контакт со неговата сопруга кога бев опериран во клиниката ‘Систина’. За операцијата уредно ги подмирив трошоците. Потоа не сум имал никаков контакт со Јордан Камчев. Бев повикан од Зоран Милески-Кичеец да се сретнам во ресторанот ‘Сушико’ со него и тужителот, на негово барање и инсистирање, за што постои материјален доказ, бидејќи ме снимале цело време, каде јас му кажувам на Милески-Кичеец: ‘Со таква гнида каква што е Камчев не сакам да се среќавам’. Ова е токму поради мислењето кое претходно го опишав. Улогата на Милески-Кичеец е повеќе од јасна, поради тоа што истиот беше оперативецот на Јордан Камчев, па по негово инсистирање, бидејќи јас со Милески-Кичеец имав поблиска релација, се сретнавме во ‘Сушико’, разговаравме за рекламирање во телевизијата, ме испрашуваше перфидно, од околу, дали имам некои сознанија за негов прогон, но за обвинителот Наум Паноски, а не Катица Јанева, бидејќи се водеше предистрага за фиктивни фактури кои ги испраќале до Фондот за здравство. Таква предистрага се водеше против него, а ја водеше Наум Паноски. Во тој момент Камчев ми кажа дека преку бугарски пријатели блиски до Зоран Заев, а се мисли на Бојко Борисов и негов советник, ќе си ги среди сите работи и тоа ми беше кажано со зборовите: ‘Шефе јас знам како ќе си средам. Јас сум бизнисмен, тој е оперативец, но ти си за медиуми главен’. Тогаш Камчев сакаше да ме фали. Потоа ми ја прати директорката на ‘Систина’, да преговара со мене за сумата за рекламирањето. Сумата од 160 илјади евра беше понудена од нивна страна, уште пред да ја знам Катица Јанева или Лазар Јанев да биде вработен во телевизијата. Улогата на Кичеец во целата оваа рашомонијада беше како мене да ме држи во кондиција. Под точно утврден ценовник и утврдени термини, по нивно барање, така што ноторна лага е дека договорот бил без ценовник и утврден систем на рекламирање“, кажа Јовановски.

Според него, односот продолжил со ручеци и вечери.

„ Па заврши со злоупотреба на мојот лик и дело од страна на двајцата, но повеќе од тужителот, што значи инсистираше да се гледа со мене. Јас поседувам телефон кој не е вештачен и може да се види кој, кога и кого барал. Станува збор за искажани тврдења дека му се завршени и дека има цврсто ветување од Зоран Заев и бугарските пријатели дека за него нема да има кривичен прогон и вели: ‘Јас со Зоки завршив работа’. По ова излегува интервју од тужителот каде го глорифицира Зоран Заев, и зборува дека тој е најдобриот премиер кој го имала Македонија“, посочи Јовановски-Боки 13.

„Во кривичната постапка тужителот кажа дека: ‘Мене Бојан не ми побара пари, туку дојдоа Зоран Милески-Кичеец и Лазар Јанев и тие ми побараа пари’. Па судот нека цени за каков профил станува збор. Измама и влијание се нема случено. Суден сум за претпоставено влијание и не сум бил надреден над тужената за да имам авторитет“.

Раскажа и за односот со ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева со која заедно се осудени во „Рекет“.

„ Мојот однос со Катица Јанева беше пријателски, во септември 2018 година ја повикав да гостува во емисијата ‘Лица’ кај Анета Кочишки. Тогаш настана тоа фамозно селфи, каде јас велам: ‘Почнува нешто големо’. А се пишуваше дека јас сум најавувал дека ќе го апсат Камчев. Така беше презентирано. Тужената Катица Јанева гостуваше, ние останавме во пријателски односи. Таа не оддавала службени тајни, ниту постои таков доказ. Сè е базирано на претпоставки и шпекулации. Кога се случи апсењето на Камчев, јас како прокурист во ‘1ТВ’ известував објективно и неселективно, иако рекламер беше ‘Систина’. Човекот кој вршеше притисок да не биде добиен ефективен притвор за Камчев беше лично Зоран Заев. Тоа го знам од непосредно признание стекнато по лично кажување на Зоран Заев во неговиот кабинет кога јас бев на средба кај него, за што постојат материјални докази во мојот телефон. Кичеец беше оперативец и на Зоран Заев. Потоа Зоран Заев ми кажа дека не успеал да издејствува куќен притвор за Камчев и дека обвинителката Катица Јанева му создавала големи политички проблеми. Ми беше кажано дека двајца пратеници се од Камчев обезбедени за уставните промени, односно дека нема да гласаат за промените бидејќи СЈО и отворањето на ‘Империја’ создале проблем. Ова не е гол исказ, туку постои материјален доказ кој не е изведен, каде има порака меѓу мене и Зоран Заев за лицето Катица Јанева каде што зборуваме и ми пишува порака за мекнеење (омекнување) на Јанева“, кажа Јовановски-Боки 13.

Посочи дека Милески-Кичеец зел позајмица од него, за да му ги даде на Камчев.

„ Зоран Милески-Кичеец побара од мене заем за да му ги даде како позајмица на Камчев, кои сакаше да му ги даде нему, а не сакаше да каже од кого се парите. Зоран Милески влегува кај мене во 11 часот наутро  и во Космо црна кеса ги изнесува парите кои ги побара од менеа. Со истата Космо црна кеса влегува кај Камчев околу 12-1 часот, истиот ден. Кичеец после тоа ме зема сам, па заедно одиме кај Камчев. Излегува Кичеец со торбата, а што имало во неа, треба да каже тој што ја носел торбата. Јас никогаш не сум ја допрел. Потоа, истиот ден, вечерта повторно бевме кај него. Јас сум бил присутен милион пати кога Милески-Кичеец и Камчев си разменувале торби и кеси, никогаш не сум прашувал што има во нив, исто како што мене никој не ме прашува што носам јас во мојата торба“, кажа Камчев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија

Објавено пред

Од

Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија, информира министерот, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија и потенцира дека досега меѓу двете држави не се одржувал воздушен сообраќај.

„Со Спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, Спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди“, вели Николоски.

Тој додава дека се очекува со воспоставувањето на редовни авиолинии меѓу двете земји да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.

Николоски најави дека Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај, согласно националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Објавено пред

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.

„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.

Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Објавено пред

Од

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.

За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија56 минути

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија1 час

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија2 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија2 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија3 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет3 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа4 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија4 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија5 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија11 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија15 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија20 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија20 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија22 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија23 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ23 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија23 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...