Македонија
(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница
Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска пред судот Бојан Јовановски, првообвинет за случајот „Рекет“.
Тој вели дека за неговата состојба се потребни посебни хигиенско-диететски услови, кои ги нема во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Судијката на ова рече дека постапуваат по неговото барање и дека ќе биде одобрено на 4 февруари да изврши интервентен зафат.
Неговиот адвокат Сашо Дукоски вели дека тој зафат не е примарен колку што е примарно неговиот клиент да престојува во посебни хигиенски услови.
„Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, јавно кажувам, многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Кој како сака нека го сфати тоа. Ова е изживување. Па, сами може да заклучите каква е здравствената состојба на едно лице кога педесет и петпати е носен на здравствени интервенции. Тие не се ништо друго, туку едно алиби дека нешто се прави. Но, ништо не се прави, туку се одржува некаква си далеку од нормална состојба за по секоја цена тој да се носи на судење. За напоменување е дека пред неколку дена повторно му се земани примероци од улцерот, односно од неколкуте задебелени чирови, кои се земени од она што му е останато, наречено желудник, и пратени се на хистологија да се утврди дали станува збор за карцином“, рече Дукоски.
Адвокатот вели дека сите лекари се сложни оти Јовановски треба да биде на строг хигиено-диететски режим и дека во случајот со неговиот клинет станува збор за класична дискриминација.
„Тројца обвинети, односно од еден осуден и една сообвинета, само обвинетиот се наоѓа во притвор. Ниту една пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбург ова не го дозволува. Интервенцијата направена врз Јовановски е само алиби дека нешто се презема. Ќе го однесат таму, ќе направат лабораторија и ќе речат – еве нешто правиме“, додава адвокатот на Јовановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

