Македонија
Бојковски до Арсовска и ЈСП: Месните заедници треба да учествуваат во одлуката за менување на возните линии

„ЈСП имаше пракса, дури и директорот и стручните служби на ЈСП, дури лично и директорот учествуваше кога се правеа возни редови и менување возни редови и линии. Доаѓам од локална самоуправа, каде што баш тоа сум го работел и сме седнувале со Јанушев кога беше директор на ЈСП и до детали со сите месни заедници сме се собирале со луѓе и сме правеле менување на возни редови според потребите на граѓаните“, истакна советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Бојковски, на денешната седница на Советот на Град Скопје обраќајќи се до директорот на ЈСП, Драги Кушовски, и до градоначалничката Данела Арсовска.
Бојковски посочи дека во минатото во менување и правење возни редови на автобуси учествувале месните заедници, дел од администрацијата на самата општина, администрацијата на Градот и директорот на ЈСП.
„Добро е како пракса месните и урбаните заедници да учествуваат во вакви работи затоа што се работи за населени места, каде што, без разлика на сѐ, и каде живее, дали во Раштак или Автокоманда, мора да дојде на работното место, инаку ќе го избркаат од работа“, посочи Бојковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, велат од Град Скопје.
Од таму велат дека Јахоски истото го направил и за предновогодишните празници и ги оставил грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само, како што велат од Град Скопје, да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи.
„Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз. ЈСП кој дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес, нема да дозволи идиотските криминогени постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните. Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Македонија
Турција погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени

Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, на 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Ова подрачје веќе беше погодено од земјотреси на почетокот на август и на почетокот на септември, потсетуваат медиумите.
Фото: принтскрин
Македонија
(Видео) Андоновска: Ќе се гради Универзална сала, ја враќаме културата во фокусот

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ започна време во кое уметноста се вреднува, културното наследство се чува, а културата станува видлива и достапна за сите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа македонската култура во прв план-со над 2.500 поддржани проекти, нови инвестиции, обновени институции и силна меѓународна промоција, истакна на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 15 месечниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведе делегиран буџет за 17 национални установи, се реализираа 551 проект од областа на заштитата на недвижното културно наследство, се реши статусот на 160 вработени во културните институции.
Наскоро ќе започне и изградбата на претходно стопираниот проект на „Стар театар“ во Струмица. По повеќе години застој почнува да се гради и Универзалната сала- симболот на Скопје, а воедно се уредува и гради Турскиот театар. Вкупната вредност на инвестициите за реализација на овие проекти е преку 30 милиони евра. Во текот на мандатот на оваа Влада ќе се гради и Драмскиот театар во Скопје чиј проект се ревидира.
Оваа година ќе започне реализацијата на проектот за интервентна заштита на „Македониумот“ симболот на македонската историја, идентитет и борба“, најави таа.
Појасни дека е започната реконструкција, санација и адаптација на поранешното кино „Партизан“ во Битола, инвестиција вредна 96 милиони денари.
Во Гевгелија, според неа, целосно се реконструира Старата чаршија којашто ќе ја задржи својата автентичност, но и ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро. Вредноста на инвестицијата е 40 милиони денари.
„По 7 години запоставеност, повторно се отвори комплексот „Македонско село“ кој низ својата автентична архитектура и традиција ја раскажува македонската културна приказна.
„Музејот на вода“ во Охрид, кој претходно беше запуштен и заборавен, го доби својот стар сјај, а неговата обнова изнесуваше околу 15 милиони денари. Исто така го продолживме и Проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник.
ВМРО-ДПМНЕ ја враќа културата во фокусот, во срцето на македонското општеството. ВМРО-ДПМНЕ преку инвестициите во културата го прави вистинскиот избор за твојата иднина-иднина во која македонската приказна е видлива и вреднувана“.