Македонија
Бојмацалиев: МВР за 2023 е на прво место од владини институции за примена на системот за интегритет, клучен против корупцијата
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја информира јавноста дека денеска Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК) го објави извештајот за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, при што утврдено е дека МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетоста на обврските за примена на системот за интегритет.
„ МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет. Високото 3 место согласно годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција се должи на целосната трансформација изминативе години од 2017 до денес, од институција со целосна срушена доверба до институција со најголема доверба меѓу граѓаните. За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството“, вели тој.
Како што вели, како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет.
„За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет. Од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди. Преку мотото „МВР за граѓаните“ изградивме институција на професионалци со кредибилитет и професионален интегритет. Интегритетот како професионална категорија е клучна во градењето на силни институции отпорни на корупција и со тоа градењето доверба кај граѓаните. Интегритетот е клучен во градењето на силни институции и во создавањето на довербата кај граѓаните”, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

