Македонија
Брачниот пар од Македонија заглавен во Газа премина на безбедно во Каиро, објави Османи
Евакуиран е брачниот пар македонски државјани, кои беа заглавени во завојуваната Газа. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на „Фејсбук“ објави дека тие утринава го поминале египетскиот премин Рафа и се на безбедно во Каиро.
„Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив. Брачниот пар, последните двајца наши државјани што се наоѓаа во ризичните зони, е евакуиран од Газа. Во моментот тие се на безбедно, привремено удомени во Каиро и набргу ќе бидат упатени дома. Сакам да оддадам особено признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани“, напиша Османи во објава на „Фејсбук“.
Тие веќе од утре ќе патуваат за Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

