Македонија
Бројот на новозаразени намален за 7 отсто во споредба со минатата недела, најмногу нови случаи во Скопје
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот за минатата недела (од 17 до 23 август) се направени 11.129 тестирања за коронавирус.
Од нив регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5%). Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица во 16 града во земјата.
Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 %, што претставува намалување од 0,3% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6% и 7.8%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4%) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0%), 40-49 (n=142; 16,9%) и 20-29 (n=140; 16,7%) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4%) и 10-19 години (n=49; 5,8%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2%), регистрирани се 119 (14,7%) хоспитализирани, а кај 239 (29,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена.
Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на Ковид-19 како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 513 помалку во однос на претходната недела.
Пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

