Македонија
Бројот на сообраќајни незгоди намален за над 20 отсто

Посветеноста на Министерството за внатрешни работи за зголемување на безбедноста во сообраќајот дава одлични резултати, соопшти СДСМ.
„ Статистичките податоци за 2020 година, споредени со оние од 2019 покажуваат силен пад на бројот на сообраќајни незгоди.
Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 има намалување за 21 отсто на сообрајаќни несреќи. За 75 отсто е намален бројот на загинати пешаци. Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за 47 отсто, додека за 26 отсто е намален бројот на лица загинати во сообраќајни незгоди.
Овој пад на црната статистика, се должи на континуираните контроли и неселективното казнување што го прави полицијата на Северна Македонија. Како одговорна партија продолжуваме да градиме силни, ефикасни и професионални иснитуции кои ги спроведуваат законите насекаде и неселктивно. Остануваме посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина на секое ниво“ .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.