Македонија
Бугарите ги донесоа агрегатите за струја на „Деве Баир“, МВР ги врати назад, Џамбаски „исплука“
Бугарите ги донесоа ветените агрегати за струја на преминот „Деве Баир“, а МВР им ги врати назад. Ова пак, беше повод за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски одново да упати критики за Македонија и да обвинува за сеење омраза. Агрегаторите беа ветени од бугарскиот вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, но не се знае дали и тој ги испратил. Од македонското МВР велат дека агрегаторите можат да ги земат, само ако тоа е поткрепено со документација.
„Согласно законските прописи без договор за донација институцијата не може нит да прими нит да предаде донација“, велат од МВР.
Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини македонските гранични власти на преминот „Деве Баир“ дека одбиле да ги примат агрегатите за струја.
„Не е никакво изненадување, бугарските хејтери во Скопје се ќе направат против Бугарија. Инаку вака блеска нивната лага. Тие самите докажаа дека причината за кршењето на правата на стотици Бугари за слободно движење не е немањето струја, туку омразата на властите во Скопје кон Бугарија и Бугарите“, напиша Џамбаски на Фејсбук.
Најавата за агрегати од бугарските власти следуваше откако во саботата на 4-ти февруари кога падна системот за контрола на граничниот премин „Деве Баир“, со кој се регулира влегување и излегување во земјава. Бугарите тргнати да го чествуваат Гоце Делчев останаа заглавени на граница неколку часа поради паднатиот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

