Македонија
Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крстевски, по повод пожарот во Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, соопшти бугарското МНР.
На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем.
Бугарската страна е убедена дека инцидентот во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Северна Македонија, пренесува БГНЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

