Македонија
Бугарија дава поддршка за Северна Македонија, но со целосно спроведување на договорот за добрососедство
Бугарија дава целосна поддршка за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, се вели во нацрт-декларацијата на Националното собрание, посветена на проширувањето на ЕУ и на процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија, објави БГНЕС.
Во нацрт-документот Софија го повикува Скопје да го спроведе ефикасно, без одложување и со добра волја, договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишаа премиерите на двете држави, Бојко Борисов и Зоран Заев, на 1 август 2017 година.
БГНЕС пишува дека Бугарија инсистира на прифаќање на историската вистина за заедничката историја што ја споделуваат двете земји и нации.

„Целосно да го спроведат договореното и постигнатото во рамките на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како и тие да бидат вклучени во училишните програми и материјали во најкус можен рок“, се наведува во нацрт-документот.
Нацрт-декларацијата на Националното собрание исто така бара да се стави крај на сите форми на говор на омраза против Бугарија и граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско национално чувство, вклучително и во медиумите, натписите на спомениците, спомен-плочите и др.
Во однос на Албанија, се бара гарантирање со максимален степен на правото на бугарското национално малцинство во оваа држава да го изучува бугарскиот литературен јазик како мајчин во регионите во кои живее – Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан и Кукс. Во нацрт-документот се бара и спроведување попис на населението во Албанија во согласност со европските стандарди, со цел да се добие објективна слика за етничкиот состав на земјата.
„Врз основа на ова и под овие услови, четириесет и четвртото Национално собрание на Република Бугарија го поддржува почнувањето на претпристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија и Република Албанија“, се нагласува во нацрт-документот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност: потенцирана важноста на едукативната и педагошката работа
По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова.
За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќето генерации наставен кадар.
Јубилејот добива на тежина и значење заради фактот дека за релативно кусо време, вработените постигнале далеку поголеми резултати од факултетите, односно музичките академии од регионот, стари и по стотина години.
Честитајќи им го роденденот, претседателката ја потенцираше важноста на едукативната и педагошката работа на Факултетот, којшто изнедрил музички и уметнички великани како Симон Трпчевски.
За Сиљановска-Давкова, неспорна и непроценлива е амбасадорската улога на нашите музички уметници во промоцијата на македонската држава ширум светот.
Таа со задоволство ја прифати поканата да биде покровителка на јубилејот на институцијата којашто е расадник на уметници без кои не може да се замисли успешната работа на Филхармонијата, Националната опера и балет, Националниот џез оркестар, како и на бројните ансамбли и оркестри.
Професорките ја запознаа претседателката со тешките предизвици од финансиска и просторна природа, хроничниот недостиг на инструменти и опасноста од згаснување на некои катедри во отсуство на кадар.
Тие очекуваат преиспитување и измена на низа предложени решенија од новиот Закон за високо образование во претстојната дебата.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.

