Македонија
Бугарската Фондација „Македонија“ сака да постави спомен-плоча на Делчев во Баница

Виктор Стојанов, првиот човек на бугарската Фондација „Македонија“, на „Фејсбук“ објави дека луѓе од Фондацијата денеска ќе постават венци за Гоце Делчев во селото Баница, каде што загинал револуционерот. Како што вели тој, набргу треба да добие писмена дозвола од грчките власти.
„Овој четврток група на Фондацијата ‘Македонија’ оди во фоајето на Гоце Делчев во селото Баница, Серско, за да постават венци, цвеќиња и да решиме каде ќе ја ставиме плочата за бугарскиот револуционер Гоце Делчев – откако ќе добиеме писмена дозвола од грчките власти. Веројатно, со нас ќе земеме свештеник од БПЦ, кој ќе служи молитва за Гоце.
Кој сака, нека дојде – договоривме бесплатен превоз. Бараме едно лице со автомобил од Пловдив, кое сака да дојде. Ќе му платиме за горивото. Пишете ни порака“, вели Стојанов во својата објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.