Македонија
Бужаровска за Ќулавкова: Ги обвини Албанците во ковидот дека шират зараза, а сега протестира против правата на жените
Професорката на Филолошкиот факултет, Румена Бужаровска ја нападна академик Катица Ќулавкова на социјалните мрежи по нејзиниот настап на денешниот собир на МПЦ против предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, кои ги сметаат за сериозна закана за општеството и семјеството.
„Да ве потсетам: кога почна пандемијата, Ќулавкова ги обвини Албанците дека шират зараза, со „поетскиот” твит „Цената на соживотот ја плаќаме со животот”. Сега стои во прв ред на протест против родова еднаквост, значи против правата на жените. Оваа жена е членка на македонскиот, и што е уште пострашно, стои како потпретседател на меѓународниот ПЕН, кој се залага за човекови права, додека таа промовира фашизоидна идеологија и шири говор на омраза. Еднаш реагирав за ова, ќе реагирам пак. Време е академската заедница да се истакне во јавноста со членови достојни за својата професија“, вели Бужаровска.
Академик Катица Ќулавкова на протестот порача дека новиот предлог-закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи. Рече дека во самиот закон за родова еднаквост се мешаат категорите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

