Македонија
(Видео) Бузаку: Реџепи е рекетар
 
																								
												
												
											Скендер Бузаку поднесе докази, кои, според него, покажуваат дека актуелниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи, правел криминал користејќи ја верската заедница. Бузаку потенцира дека документите покажуваат злоупотреба на средствата што верниците ги донирале. Тој тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и така противправно зел 700 илјади евра од ИВЗ.
„Тој сторил кривично дело перење пари и злоупотреба на службената должност. Осомноченото лице присвоил средства од 700 илјади евра уплатени годинава. Има фактура за 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ ѝ платила 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак. А тие користеле приватна фирма, која е регистрирана надвор од Македонија. Преку фирмата тој ги перел парите“, тврди Бузаку.
Бузаку смета дека Реџепи е рекетар, односно дека тој перел пари. Според него, актуелниот реис има направено и други кривични дела, кои ќе ги објави во наредниот период.
„За тврдењата дека јас правам рекет врз ИВЗ, може да се заклучи дека единствен рекетар е Реџепи. Очекувам Обвинителството да ги процесира кривичните пријави. За сите други дела, докази ќе бидат презентирани наредниот период“, рече Бузаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
 
														Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											