Македонија
Бузаку со ултиматум до Реџепи за 72 часа да ја напушти ИВЗ
Пред седиштето нa Исламската верска заедница (ИВЗ), Скендер Бузаку, кој е претендент за поглавар, му постави ултиматум на актуелниот поглавар Сулејман Реџепи до петок да го напушти седиштето на верската заедница, а доколку не го стори тоа, најави дека ќе објави страшни докази против него. Бузаку потенцира дека доказите ќе покажат оти Реџепи правел тешки кривични дела додека бил на чело на ИВЗ. Пред седиштето на ИВЗ беше присутна и полицијата.
„Му дадовме 72 часа на Реџепи да ја ослободи ИВЗ. Како што си дал оставка, така да ја ослободи зградата на ИВЗ, во спротивно ние ќе објавиме страшни докази, а во нив има тешки кривични дела сторени од него“, вели Бузаку.
Бузаку упати порака до Реџепи да ги врати на работа сите оџи, професори и свештеници што ги исфрлил изминативе години. На другите, кои сè уште се вработени, им порача дека нема да го изгубат работното место.
„Сите оџи, професори, свешетеници, кои Сулејман Реџепи ги исфрлил од работа и шетаат на улиците, да бидат повторно вклучени во ИВЗ. Тие останале без работа бидејќи мислеле поинаку. Оние што сè уште се вработени и се чисти нема да го изгубат работното место, туку ќе им се овозможат подобри работни услови“, додава Бузаку.
Запрашан зошто доказите против Реџепи не ги објавил досега, Бузаку вели дека тоа се должело на општата ситуација во државата, односно заложбите за влез во ЕУ и НАТО.
Спрегите во ИВЗ доаѓаат кога во април годинава Граѓанскиот суд констатирал дека актуелниот реис Сулејман Реџепи во март годинава поднел неотповиклива оставка по што Ријасетот на ИВЗ одржал вонредна седница, на која е прифатена поднесената оставка. Според судот, на оваа седница, одржана на крајот од март, за нов реис бил назначен Скендер Бузаку.
Oд ИВЗ тврдеа дека потписот на актуелниот реис Сулејман Реџепи е фалсификуван на оставката. Велат дека меморандумот на оставката е стар, а фалсификуван е и печатот. Според нив, реисот не поднесува остаквка во документ со меморандум и во неа не се користи печат на ИВЗ, а во оставката доставена до судот има.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

