Македонија
Бухова: Зечевиќ не се тестирал на коронавирус на 19 јануари
По тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, позитивен на Ковид-19, без маска го ширел вирусот на Водици во Охрид, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, објасни дека тој не се тестирал на 19 јануари.
Имено, според опозициската партија, тој официјално бил позитивен на корона од 20 јануари, што би значело дека требало да се тестира на 19 јануари за да добие позитивен тест ден подоцна.
„Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19 јануари. Законот е јасен и важи за сите, самоизолација од моментот на тестирањето“, вели директорката Сотирова-Бухова.
Секретарот Зечевиќ неколкупати досега јавно кажа дека се тестирал на 20 јануари по прославата на Водици во Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, побараа институциите да постапат за однесувањето на Зечевиќ, a на Бухова ѝ порачаа да се однесува како што прилега на позицијата што ја држи и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ. Од партијата воедно повикуваат случајот да не се затскрива со, како што велат, фингиран случај против градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Тој се тестирал на Ковид-19 за да оди на зимување и без да се самоизолира додека го чека резултатот, како што пропишува уредбата од 2020 година, која сè уште е во сила, излегол на прославата на Водици, одел во црква и имал низа состаноци, а попладнето ги добил резултатите во кои стоело дека е позитивен на Ковид-19.
Следниот ден направил уште еден тест во истата лабораторија и резултатот бил негативен, па затоа барал да му се укине одредената изолација по позитивниот тест.
Државниот санитарен инспекторат соопшти дека градоначалникот не смеел да шета по тестирањето, туку требало да се самоизолира додека го добие резултатот, а по резултатот, добил и решение за изолација, кое, како што самиот изјави, го почитувал.
МВР го разгледува случајот со градоначалникот за да се утврди каква казна му следува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

