Македонија
Бухова: Охридскиот градоначалник требал да се изолира додека го чекал тестот
За охридскиот градоначалник требало да важат истите правила како и за сите граѓани кога се тестираат, без произволни толкувања и претпоставки. Тој морал да се изолира додека го чекал тестот, наместо да се шета и да прави контакти со луѓе. Вака реагираат надлежните од ДСЗИ кои додаваат дека позитивен тест значи дека лицето кое го има вирусот во себе, без разлика дали има или нема симптоми, и до двата случаи е инфективен. Изолацијата служи да се спречи ширењето на инфекцијата во период кога лицето е со позитивен резултат.
-Се уште е во сила уредбата на Владата донесена на 22 април, 2020 година, со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус. Според оваа уредба сите домашни и странски лица симптоматски и асимптоматски на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земање на материјалот за тестирање се до добивање на негативен резултат. Лицето додека е во самоизолација не смее да излегува во тоа време. Самоизолацијата преминува до домашна изолација врз основа на решение за здравствен надзор од ДСЗИ оној момент кога лицето ќе добие позитивен резултат од тестот. Позитивен тест значи дека лицето го има во себе вирусот без разлика дали има или нема симптоми. И во двата случаи е инфективен за околината. Изолацијата служи токму да се спречи ширењето ан инфекција во период кога лицето е инфективно, изјави за „Макфакс“, Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.
Градоначалникот Кирил Пецаков за „Макфакс“ изјави дека не се изолирал зошто немал симптоми, а тестот го правел за зимување во Бугарија.
„Немав и се уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тестирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков и до „Макфакс“ го испрати негативниот тест.
Во сертификатот кој го објави градоначалнико видливо е дека е дека се тестирал повторно по два дена од првото тестирање, односно на 21 јануари.
Здравствените власти велат дека лажно негативен тест е можен, но нема случаи на лажно позитивен тест. Пациентот може да направи колку сака тестови, но за лекарите велат дека е битен позитивниот. Доколку градоначалникот се обрати во лабораторијата каде што ги правел тестот, тврдат дека ќе добие одговор дека неточен е негативниот, а не е исклучено дека подолго време бил позитивен, па станал негативен.
Заедно со градоначалникот двапати се тестирал и секретарот на Општината, Александар Китески. И тој добил позитивен резултат, а вчера повторно се тестирал и резултатот бил негативен. Тој смета дека некој им ги наместил негативните тестови
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово.
Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.

