Македонија
Бучковски: Изборите во Бугарија се важни за нашите амбиции за да се тргне блокадата за Mакедонија
Парламентарните и претседателските избори во Бугарија в недела се клучни за нашите амбиции, но и за амбициите на САД и ЕУ – Софија да ја укине блокадата за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.
Ова за бугарски медиуми го изјави специјалниот претставник на македонската влада во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, за кого, како што стои во новинарските извештаи, исклучително е важно дали во Бугарија ќе има политичка влада по третите парламентарни избори.
„Мислам дека ќе има кабинет. Прашање е дали ГЕРБ на Бојко Борисов ќе формира коалициски кабинет или таканаречените протестни партии предводени од ‘Продолжуваме со промената’ на поранешните министри Петков и Василев“, вели Бучковски.
„Роковите за формирање влада ни се важни, бидејќи се наоѓаме пред седницата на Советот на ЕУ што ќе се одржи кон средината на декември“, додава тој.
„САД и Европската Унија не кријат дека ги чекаат изборните резултати за да помогнат да се најде решение за спорот со Македонија. Позициите на Борисов и Радев ни се добро познати. Протестните партии и пред сè ‘Продолжуваме со промената’, се исклучително позитивни во однос на изнаоѓање решение и укинување на блокадата“, додава Бучковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

