Македонија
Ванковска во Богданци: Не смее да се дозволи уништување на земјоделските површини на сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели
Борбата за враќање на достоинствен дом претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денес ја продолжи во Богданци, информираат од Левица.
На средбите со граѓани во Богданци, Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4.
„Стасавме и на југот на нашата земја“, рече Ванковска која беше топло пречекана од Богданчани. И во Богданци ја потенцираше важноста од раскинување на трите договори кои ја влечат како тегови земјата надоле. Со жителите на Богданци разговараше и за земјоделието и заштитата на животната средина. Ванковска истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини. Особено нагласи дека треба да се внимава на зачувување на заштитата на животната средина која значи здрав и задоволен човек.
Сашко Јанчев на жителите на Богданци им вети дека Левица до крај ќе се бори, рудници во овој крај да не се отвараат.
Ванковска денешната агенда ја продолжува на средби со граѓани во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

