Македонија
Ванковска: Нема да бидам политичка манекенка, која само ќе пропарадира и нема да успее
Мојата прва благодарност оди кон партијата Левица, која ми ја даде довербата, и одговорноста ја споделуваме за своевиден заеднички настап на овие избори. Јас се чувствувам како дел од тимот иако не сум член на партијата, рече денеска на прес-конференција професорката Билјана Ванковска.
Таа истакна дека пред десет години се обидела како независен кандидат да влезе во оваа постапка, собирање 10 илјади потписи, без никаква поддршка, со волонтери.
Ванковска објасни зошто по десет години повторно излегува на овој политички терен.
„Размислував што е тоа што се промени, сфатив дека многу нешта се променија. Овој пат нема да бидам политичка манекенка, која само ќе пропарадира и нема да успее. Не сум случаен минувач во политиката. Овој пат сум навистина со многу поголема самодоверба. Сега постои еден тим. Она што мене лично ме доближува до нив се две нишки- патриотизмот преплетен со левата идеологија“, појасни Ванковска.
„За десет години Македонија е сè што немаме, за десет години Македонија е во многу полоша ситуација од што и да можев јас да претпоставам во она време. Во фотофинишот оваа техничка влада шверцерски сака да протурка закони што се погубни и за демократијата и за иднината на земјата“, додаде Ванковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.