Македонија
Ванковска од Гази Баба: Демократијата е сосема излезена од шините

Претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, придружувана од носителот на ИЕ 2, Амар Мециновиќ, денеска имаше средба со жителите на Гази Баба.
„Нефер и недемократските правила на игра нема да ја спречат Левица од ширење на идејата, нашата програма и мерки. Црвениот бран сѐ повеќе се шири преку активистите на Левица и секојдневното присуство на терен на нашиот кандидат за Претседател. Искрените и топли реакции на граѓаните нѝ укажуваат дека сме единствени коишто се наоѓаат на правилната страна“, велат од Левица.
„Во демократските принципи директно задираат и противкандидатите на проф. Ванковска коишто со нивниот забележлив страв и избегнувањето на дебати, придонесуваат граѓаните да не можат да го одберат најкомпетентниот кандидат за Претседател на Македонија.
Жителите на Гази Баба на плоштадот Филип II изразија целосна поддршка и јасно истакнаа дека Левица е единствена надеж за спас на Македонија и македонскиот народ“, се додава во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, наместа и нневреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа!

Со низа настани кои траеја преку целиот вчерашен ден, општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник-Ѓурѓовден.
„На целодневното одбележување на заштитникот на Кисела Вода, Св. Георгиј Победоносец, после свечената литургија имавме прилика да уживаме во празнична атмосфера, низ вештите рачиња на децата од градинките кои изработува цртежи и украси инспирирани од пролетта и празникот.
По работилницата, сите присутни имаа можност да ја проследат забавната театарска претстава „Плашливиот лав” која внесе радост, смеа и важна животна порака за храброста и пријателството“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Со задоволство ја проследивме и изложбата на уметничките дела од Драган Кузмановски, но она во кое сите уживавме, вклучувајќи ме мене, Ведран и мојата сопруга Мартина беше проекцијата на филмот ,,Кучиња во операта”. Ова, беше уште еден Ѓурѓовден – уште едно продолжување на вековната традиција на мојот народ низ вековите. Уште една средба, пријателски муабет и поддршка за иднината. Од срце ви благодарам што и овој ден, со вашето ценето присуство го направивте за паметење.
Заедно направивме многу, а – најдоброто допрва доаѓа“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Фетаи до ДУИ: Лагата има кратки нозе, прво гласаа за измените во уредувањето на државната администрација , па потоа ја клеветат владата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро управување, Арбен Фетаи, денеска реагираше во врска со дистанцирањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од измените на Законот за организација на органите на државната управа, измени кои, како што вели, токму пратениците на оваа партија ги изгласаа на 10 јуни 2024 година.
Фетаи истакна дека ДУИ, во текот на 22 години владеење, ги измамила граѓаните правејќи стотици штетни компромиси на грбот на Албанците, молчела за политички монтирани случаи и не побарала правда за неразјаснетите убиства на поранешни борци на ОНА.
„И денес, како опозиција, се однесуваат исто: прво гласаат со својата рака за измените во уредувањето на државната администрација, а потоа ја напаѓаат владата за наводно ‘укинување’ на Инспекторатот за употреба на јазиците“, напиша Фетаи на својот Фејсбук-профил.
Тој потсетува дека Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со 88 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден воздржан, пред да биде избрана новата влада. Според него, измените не се однесуваат само на Инспекторатот за употреба на јазиците, туку на сите инспекторати, „им се одзема статусот на правно лице и се систематизираат под надлежните министерства, според појасен и поефикасен модел на отчетност и координација“.
„Денес, кога бучните од ДУИ пролеваат крокодилски солзи, ги повикуваме да побараат одговорност од своите пратеници – почнувајќи од претседателот па натаму,“ заклучува Фетаи, додавајќи дека лагата има кратки нозе.