Македонија
Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч
Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај селото Ласкарци пред неколку дена. Ванковска за „Макфакс“ вели дека единствено нешто што ги поврзува двата настана се смртта на луѓе од разна етничка припадност. Кога Ванковска го објави статусот „Каква трагедија и иронија: Карпалак!“, порака со закани добила и ќерка ѝ. За пораката, професорката вели: „На ќерка ми ѝ пратија заканувачка порака со фотографија од нејзиното синче, кое е пречкртано и на кое му се посакува смрт“. Ванковска смета дека не треба да се извини, освен ако некој од членовите на семејствата и жртвите нејзиниот статус не го сфатиле како атака врз нив. Својата грешка ја гледа во тоа што го употребила изразот иронија, кој јавноста не го разбрала.
„Местата како Карпалак ги третираме како места на страдање и помен за загинатите, без оглед што биле во времето на војните или конфликтите. Значи, Карпалак е место на страдање веќе 18 години, но место што е табу и ставено под плаштот на заборавот. Единствена нишка што ги поврзува двата настана е што и тогаш и сега се соочивме со ужасна смрт на луѓе со разна етничка припадност. Заклучокот е: сите сме во ист автобус, ја делиме судбината. Јас можам само јавно да признам дека требаше да бидам свесна оти на голем дел од јавноста понекогаш треба да ѝ се нацрта, дека не треба да употребувам изрази што се тешко разбирливи и подложни на разни манипулации. Грешката ја поправив, но велам, до овој момент линчот не запира; ќе помисли човек дека јас сум одговорна за смртта на тие луѓе! Што вели една изрека, зборовите што јас ги кажувам зборуваат за мене; она како ти ги интерпретираш“, смета Ванковска.
Таа додава дека нејзина грешка како професор е што употребила израз – иронија, кој малкумина го разбираат, а тоа било искористено за нејзин јавен линч. Ванковска тврди дека медиумите први го почнале линчот, без лично да ја прашаат за значењето на зборовите. Таа во изминатите денови добила стотици закани, клевети, највулгарни напади.
„Кога го употребив зборот иронија, мислев на иронија на судбината, а тоа беше изедначено со потсмев/злорадост, а Карпалак – е место за кое не се зборува. Тоа е место на кое спомен-плочата на загинатите луѓе не останува ни еден ден, без да биде вандализирана. Мојата прва мисла беше – дали, конечно, ова кобно место на погибел ќе стане место на оддавање почит за загинатите, место на кое заеднички ќе ги жалиме сите?“, додава професорката.
Ванковска изминативе денови добивала закани дека, како што вели, „ќе ја стават во ковчег“. Таа поднела пријава до МВР. За пријавата против неа што ја поднесе МВР, вели дека е жално што најавата во медиумите дошла од министерот Оливер Спасовски оти Обвинителството е надлежно да утврди дали постојат индиции и докази, па потоа да отвори постапка.
„Доколку се отвори постапка, ќе побарам и вештачење од респектирани лингвисти, писатели, професори по книжевност и слично, кои ќе треба пред судот да го елаборираат значењето на зборот иронија и ако може да погодат што сакала авторката да каже во трите збора на ‘Фејсбук’. За медиумската хајка на која сум изложена, веќе ги информирав странските колеги и новинари, кои со мене комуницираат со години, како и претставници на релевантни меѓународни организации. Во реакциите со кои од наводна хуманост и сочувство сум нападната има повеќе говор на омраза од што и да било некогаш кажано или напишано од мене“, тврди Ванковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

