Македонија
Вархељи: Се грижиме за Северна Македонија и за Западен Балкан
Еврокомесарот Оливер Вархељи изрази задоволство за успехот за испорачување на првите вакцини обезбедени од Европската Унија за што, како што истакна, не било лесен процес, но е резултат на напорната работа на Европската Унија, притоа изразувајќи посебна благодарност за ангажирањето на австриската влада.
„Со ова покажуваме дека се грижиме за вас, за Северна Македонија, и тоа ми е поентата, да истакнам дека ние како Европска Унија се грижиме и сме покрај Западен Балкан, односно Северна Македонија од почетокот на самата пандемија и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, ќе продолжиме и со другиот дел на вакцините“, рече Вархељи оценувајќи дека ова е почеток и изрази надеж дека процесот на вакцинација ќе биде целосно заокружен.
Тој рече дека речиси 120.000 вакцини целосно финансирани од ЕУ како подарок се одобрени за Република Северна Македонија и ќе бидат испорачани до крајот на август со цел што побргу да се надмине пандемијата.
Вархељи истакна дека вакцинацијата ќе обезбеди растоварување на здравствениот систем и олеснување на товарот што го сносат медицинските лица цело време додека трае здравствената криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

