Македонија
Василевска: Пендаровски не бил избран поради програма, туку со гласање организирано од верски лидери
Бесрамноста на раководството на СДСМ, видено во ликот и делото на Зоран Заев секојдневно ни ја покажуваат својата бруталност и непочитувањето на волјата на граѓаните на Република Македонија, рече денеска Иванка Василевска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа ги обвини владејачките структури, за како што рече, бескрупулозен поткуп, а како доказ за тоа посочи изјави на поранешниот Реис на Исламската верска заедница (ИВЗ).
„Тој во интервју призна дека во периодот пред Претседателските избори во 2019 година бил повикан од погоре наведениот да влијае врз верниците муслимани во Македонија да гласаат за кандидатот Стево Пендаровски во замена за локацијата на Кале и исплатата на средства за ИВЗ во рок од 20 дена“, посочи Василевска.
Според неа, ова само покажува дека Заев, Пендаровски и СДСМ купувале и купуваат гласови пред изборите.
„Ништо од демократија, од предизборни понуди, од програми. Се е сведено на купување со пари, нешто за кое како ВМРО-ДПМНЕ предочувавме во изминатите циклуси, а кое сега се потврдува и од самиот Реис Сулејман Реџепи“, истакна претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ова е огромна навреда за верниците муслимани во Република Македонија, бидејќи Заев и СДСМ со пари изнудиле гласови од оваа група на граѓани.
Василевска, во име на ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори истрага.
„Пендаровски бил избран не поради програма туку поради организирано гласање од верски лидери за што во игра биле пари и земјиште, а за тоа обвинителството е неопходно да го испита случајот. Ова е срамно не само за партијата СДСМ, туку и за државата“, истакна таа и обвини дека Македонија со Заев се претворила во тезга во која гласовите се купуваат со пари или со пазарење на контингенти гласови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

