Македонија
Василевска: Се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев
СДСМ да кажат што виделе спорно во предлог-декларацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави Иванка Васдилевска од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ треба да каже дали за нив е спорно во училиштата да се спроведат активности со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Гоце Делчев, или тоа што се повикува Институтот за национална историја и МАНУ да организираат научни собири, или пак повикот до медиумите со пригодни содржини да го одбележат јубилејот од 150 години од раѓањето на Гоце Делчев?“ праша професорката Василевска.
Според неа, ниту еден аспект од Декларацијата не е спорен и има за цел да ги обедини сите чинители во општеството околу значењето на ликот и делото на Делчев во револуционерната борба за македонска државност.
„За жал, не само што не се обедини, туку и го дели народот по оваа тема. Тоа отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност.
Ги повикуваме СДСМ да се вразумат и сериозно да ја прочитаат Декларацијата. Вакви брзоплети реакции имаа и за Резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во јули минатата година, но потоа ја прифатија и на тој начин се создаде национално единство и црвени линии. Очекуваме и сега тоа да се случи, бидејќи ликот и делото на Делчев се подеднакво рамниште како и идентитетските прашања“, порача Василевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово
„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово. Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, истите не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството.
Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?
Зошто не биле доследно применети Законот за градење и Законот за здравствена дејност?
Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?
Филипче и СДС наместо безбедноста на граѓаните ги интересирале провизии, анекси и тендери.
Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија.
Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.
Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Аврамовски: Потребни се искрена посветеност и сериозен ангажман од власта во надминувањето на кризата со транспортерите
„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, изјави портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.
ЛДП уште пред две недели алармираше дека додека нашите министри се враќаат од Брисел со „одлични вести“ за надминувањето на проблемот со транспортерите и ЕУ, босанскиот министер за транспорт Един Форто, изјави дека засега „нема решение за проблемот со транспортерите и ќе има дополнителна работна група“.
„Повторното нагласуваме, одложувањето на проблемот до септември не значи никакво решение, ниту одлична вест. Секој изминат ден за превозниците значи изгубено време и губење на заработката. Упатуваме апел до нашите државни претставници за искрена посветеност и сериозен ангажман во врска со надминување на моменталната криза со транспортерите. Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници“, вели Аврамовски во својата изјава за медиумите.
Македонија
„Премиерот на море со авион, а за работниците нема пари за 600 евра плата“, велат од СДСМ
„Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион. Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците“, велат од СДСМ.
„Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки.
Додека Мицкоски лета, работниците тонат. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво.
Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион?“, прашуваат од СДСМ преку писменото соопштение.

