Македонија
Ваучери за туризам до 6.000 денари ќе добијат лицата со низок доход
Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.
„Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност“, велат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 70 метри има на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата Саса 2, и дел од улицата Саса 4, во општина Кисела Вода;
– Од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Побожје во општина Чучер Сандево;
– Од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улиците Народен Фронт и Васил Говров во општина Центар;
– Од 10:00 до 13:00 часот корисниците ОУ Петар Поп Арсов во општина Карпош.
Скопје
Дел од Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека, поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Речиште бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево од 9.30 часот до завршувањето (општина Кисела Вода).