Македонија
Протокол за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта
Владата денеска објави протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта.
1. Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.
2. Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути.
З. Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето.
4. Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
5. Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.
6. Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето.
7. Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот на детето задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици.
8. Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително д а се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
9. Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.
10. За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.
11. По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни површини.
12. Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.
13. Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.