Македонија
Вежба за вонредни ситуации на персоналот на амeриканската амбасада во Скопје
Припадници на МВР, утре (9 април) ќе изведат заедничка вежба за справување со вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.
Како што информираат од МВР, вежбата со траење од три часа (9-12 часот) ќе се изведува во Амбасадата на САД.
Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосницата во близина на aмбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.
„Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

