Македонија
Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај Катланово, во која 27 патници кои се враќаа од одмор на Халкидики во Грција беа повредени, од кои една жена почина, а на деветгодишно девојче му беше ампутирана раката.
Од обвинителството за „Макфакс“ велат дека е направен увид, подигнати се траги и извршено е вештачење. Обвинителството прибавило лекарски извештаи за констатираната здравствена состојба кај секој од повредените патници со видот и карактерот на здобиените повреди.
Издадена е и наредба до Машинскиот факултет во Скопје за вештачење на автобусот при што е констатирано дека возилото ја напуштило асфалтираната патна подлога постепено, без да ја намали брзината.
„Од трагите на патот и во делот каде што возилото се движело делумно на патот, а делумно надвор од него, како и од записите на тахографот и врз основа на динамичка анализа на траекторијата на движење на возилото, се заклучи дека нема докази за дејство на командите на возилото како обид да се избегне настанот (кочење, нагло свртување и сл.)“, велат од обвинителството.
На возилото не се најдени технички неисправности кои може да бидат причина за настанување на незгодата. Сите оштетувања на возилото се последица од неговото напуштање на коловозот, контактите со металната ограда и натамошното неконтролирано движење надвор од патот. Надлежниот обвинител ги испитал сите оштетени и возачот на автобусот во својство на обвинет.
Од обвинитлеството информираат дека направени се сообраќајни вештачења од Бирото за судски вештачења Скопје и од Техничкиот факултет Битола.
„Причините за настанување на сообраќајната незгода ќе бидат предмет на натамошни проучувања од причина што усогласувањето на сообраќајните вештачења е примено во Основното јавно обвинителство Велес на ден 11.02.2019 година и предметот е во фаза на темелна јавнообвинителска обработка заради донесување на соодветна јавнообвинителска одлука“.
Во автобусот на „Бус травел“, кој се преврте при враќањето од Грција, се наоѓаа туристи на туристичката агенција „Савана“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.