Македонија
Велковски во Кочани и Зрновци: во фокусот проблемите со кои се соочуваат жителите
Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оставари работна посета на општините Кочани и Зрновци.
Центарот за социјални работи во Кочани се соочува со недостакок на стручен кадар. Овој проблем се појавува во повеќе центри и е резултат на негрижата кон социјалните работници години наназад. Нови системски решенија во министерството се насушна потреба во наредниот период и стручните служби веќе подготвуваат решенија кои треба да донесат поедноставување на процедурите и заштеда на средства на министерството.
Грижата за најмладите мора да биде исто така врвен приритет но оставени се без доволнен персонал кој ќе се грижи за нив и без доволно просторни капацитети. Во Зрновци во градинката “Бисерчиња” ќе се доградуваат капацитетите кои ќе значат зголемување на квалитетот на наставата и повеќе простор во зимските услови.
Велковски направи и увид во новата градинка која е во изградба 3 години а која од необјасниви околности градбата беше во застој. Се надеваме дека од септември градинката ќе ги прими своите први посетители.
Пензионерите во Кочани и Зрновци со идентични барања. Животниот стандард да се стави под контрола. Поскапувањата повеќе не се издржуваат. Повеќе од пола пензија оди на лекови, а нема ни средства за квалитетна исхрана. Сакаме вистинска грижа а не само празни зборови. Не сме овдека од убавина! Пензионерите во другите земји го шетаат светот а ние немаме пари да преживееме ни 15 дена – велат тие.
По изборите ќе се заложам за правда кон сите пензионери и ќе ги искористиме законските можности секој пензионер да ги користи поволностите кои му следуваат – им порача министерот Велковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

